КМФ Железарец реагира: Залутан лик во спортот ни ја заклучи салата

Наместо футсал дерби, заклучена сала. Вака реагираат од КМФ Железарец, откако во миговите кога требало да го одиграат мечот со КМФ Форца, како што велат, некој директор им ја аклучил салата „Антон Димитров“ во Бутел.

Од Желеарец велат дека тие со делегатот, полицијата и публиката и натаму се во шок по случувањата.

„Наместо дерби, наместо вечервно футсал уживање, доживуваш намерно да ти гасат струја во сала од оние кои до вчера плачеа дека немале услови за тренинг и за натпревари. Одговорните за одржување во салата „Антон Димитров“ во Бутел, ти кажуваат дека „ни Меси да дојде, не смеат да го пуштат“, затоа што добиле таква наредба од некој си господин директор од некој си ракометен клуб. Наредба од повисока истанца, како тоа сериозно звучи!!! Но, во брзање да ја заклучат салата, забораваат дека внатре се уште неколку ракометари кои остануваат заклучени ракометари. Управите, стручниот штаб, играчите и публиката, делегатот и полицијата и натаму се во шок и чудење дека во 21 век некој залутан лик во спортот, лечи свои комплекси. Господине директор, залутан спортски неработнику, КМФ Железарец е достоен да игра во секоја сала, не поради името, туку поради ѕвездите кои ги носи на своето лого, ако сте писмен да знаете што значат тие. Нека ви служи на чест!“, стои во реакцијата на КМФ Железарец.

Се вчитува...