Кобајаши „летна“ кон победа во Оберсдорф

Почна турнејата „Четири скокалници“, а на стартот во Оберсдорф. После победата во квалификациите, Рјоји Кобајаши ја потврди одличната форма и победи на првата скокалница на „Новогодишната турнеја“.

Во првата серија имаше скок од само 128,5 метри, и беше петти, но успеа со неверојатен лет од 141 метар во втората серија да ги прескокне Јохансон, Линдвик , Гранерунд и Гајгер за голема победа.

Првопласираниот после првиот круг Роберт Јонахнсон не успеа да ја задржи предноста во втората серија, но за 0,3 поени беше подобар од Линдвик и се пласираше на третото место. Втор заврши Гранерунд, а првопласираниот во генералниот пласман Гајгер заврши како петти.

Најголемо изненадување направи младиот Словенец Ловро Кос со скок од 139,5 метри во втората рунда.

Следната скокалница е во Гармишпартенкирхен. Квалификациите се на 31. декември, а на 1. јануари официјалните скокови.

Се вчитува...