Кобен финиш: Несторовски и Трајковски останаа без „Серија А“

Огромно е разочарувањето кај Илија Несторовски и Александар Трајковски откако двајцата македонски репрезентативци со тимот на Палермо не успеаја да обезбедат експресно враќање во „Серија А“. Сицилијанскиот клуб се наоѓаше на само еден чекор до камбек во елитното друштво, со предност од еден гол влезе во реваншот против Фросиноне, но се беше попусто кога на вечерашниот натпревар загуби со 2-0.

Како кобно се покажа второто полувреме, најпрвин Фросиноне поведе во 52. минута преку Мајело, за огромна радост на домаќините да им донесе Чиано со погодок во судиското продолжение.

Несторовски беше стартер на Палермо на овој реванш-дуел, Трајковски влезе во 77. минута, но и двајцата не успеаја да ја затресат мрежата на Фросиноне.

Се вчитува...