Кобетиќ го замени Охрид со Пелистер

Доскорешниот ракометар на Охрид, Марко Кобетиќ, реши да го напушти овој македонски суперлигаш, но и да остане во нашата земја, селејќи се во редовите на Пелистер.

Битолскиот клуб продолжува со екипирање на ростерот за наредната сезона, бековската линија засилувајќи ја со Хрватот Кобетиќ. Станува збор за квалитетен играч кој го пропушти стартот на ланската сезона поради незгодна повреда, но јасно е дека Кобетиќ ќе донесе дополнителен „плус“ во играта на „пелистерци“.

„Пелистерци“ досега ангажираа само еден македонски ракометар, Борјан Маџовски, а во своите редови ги доведоа и црногорското крило Милан Поповиќ, босанскиот голман Харис Плех, иранскиот пивот Мошен Карамијан, и сега хрватскиот бек Кобетиќ.

Се вчитува...