Поранешната НБА ѕвезда, Коби Брајант, стана амбасадор на Светското првенство што ќе се одржи наредната година во Кина. Турнирот на најдобрите кошаркарски селекции ќе се одржи од 31 август до 15 септември 2019 година, а Брајант ќе биде еден од промоторите.
Сите 20 сезони во НБА лигата, Коби Брајант ги мина во дресот на ЛА лејкерс со кои освои пет шампионски титули. Играчката кариера, во која има и две олимписки титули со репрезентацијата на САД, Брајант ја заврши во 2016 година. Тој е еден од најдобрите играчи во историјата на НБА и еден од најголемите спортисти во светот кој ужива голема популарност во Кина со 6.84 милиони следбенции на социјалните мрежи.
Во промоцијата на СП 2019, Коби Брајант и се придружи на уште една голема ѕвезда, Кинезот Јао Мин кој е исто така амбасадор на најголемиот кошаркарски настан следната година. Брајант ќе помага за популаризација на СП и ќе учествува во бројни активности до негиот почеток.
На СП во Кина за прв ќе бидат вклучени 32 репрезентации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА