Флавио Коболи го игра својот најдобар гранслем во кариерата откако италијанскиот тенисер се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос со победата што денеска ја забележа над Оже Алијасим.
Со тоа, Коболи се погрижи Италија да има финалист на францускиот гранслем, ако се знае дека за противник во полуфиналето ќе има сонародник – победникот од вечерашната пресметка меѓу Беретини и Арналди.
Четвртиот носител Оже Алијасим подобро го почна денешното четвртфинале добивајќи го првиот сет со 6-4, но тоа беше се што Канаѓанецот успеа да стори на овој меч.
Коболи возврати со идентичи 6-4 во вториот сет, по што Италијанецот преполн со самодоверба славеше со идентичен резултат и во третиот и во четвртиот сет, за место во полуфиналето на овој турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
