Кочаелиспор го посакува Аврамовски

Даниел Аврамовски би можел да се врати во Турција, од каде има интерес од неколку клубови. Турскиот второлигаш Кочаелиспор тргнува во (не)возможна мисија за потпис на повремениот репрезентативец кој во есенскиот дел немаше ангажман, поради тоа што доцна го раскина договорот со Кајзериспор.

За него имаше интерес и од Сараево и од Динамо Букурешт, но голема е веројатноста да се врати во Турција. Проблем преставува што Кочаелиспор е второлигаш, и нема никакви шанси да биде на врвот, и идната сезона да се врати во „елитата“ на Турција.

Аврамовски беше дел од националниот тим на ЕВРО 2020. Тој не е во плановите на новиот селектор Благоја Милевски поради тоа што немаше ангажман. Во минатото беше дел од Работнички, Вардар, Црвена Звезда, Олимпија.

Се вчитува...