Кочаман: Многу си ја отежнавме работата

Вардар го совлада Фенербахче со 2-0 во Скопје и си создаде одлична предност пред реваншот во Истанбул, во првиот меч од плејофот за пласман во групите од Лигата на Европа. Поразот секако не му е драг на тренерот на гостите, Ајкут Кочаман, кој истакна дека неговиот тим многу си ја отежнал работата пред реваншот во Турција.

„Многу си ја отежнавме работата. Загубивме со 2-0, а постојано доминиравме во поле во текот на натпреварот. Но, Вардар успеа да слави, и тоа од наши грешки. Имавме неколку шанси, но не успеавме ние да ја затресеме мрежата на Вардар. Сега не очекува многу тежок реванш во Истанбул, но ние мислиме само на неделниот меч против Трабзон во турското првенство. Затоа и одредени фудбалери не го започнаа овој меч, имаме навистина густ распоред на мечеви. Им честитам на Вардар за победата и се надевам дека ние ќе возвратиме на реваншот“, изјави Ајкут Кочаман, тренерот на Фенербахче.

Се вчитува...