Кочаман плати за нарцисоидноста: Колку гола рече дека ќе му дадете на Вардар?!

Историскиот успех на Вардар е огромна шлаканица за сите во Фенербахче, но пред се за тренерот Ајкут Кочаман, кој со огромна нарцисодност влезе во двомечот со македонскиот првак.

Тој на два дена пред реваншот истакна дека не е загрижен, бидејќи „неговиот тим може да му даде на Вардар онолку голови колку што ќе посака“.

Околу 48 часа подоцна, тој од клупата не можеше да верува што се случува, како беше тактички надмудрен од Јаневски, па освен поседот на топка Фенер немаше буквално ништо, загуби дома, а воедно и Вардар беше тимот со повеќе стопроцентни шанси на натпреварот.

Еден постигнат гол, и тој од прекин, за 180 минути игра… премалку за еден самобендисан тренер.

Се вчитува...