Кочански мурал за Коби Брајант

Прекрасен мурал во чест на Коби Брајант се појави во Кочани. Кочанчани му оддадоа чест на кошаркарот кој трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа во јануари годинава, со мурал посветен на еден од најдобрите кошаркари во НБА кој ги одбележа нултите години на овој век во лигата.

На муралот се претставени Коби во првиот дел од кариерата кога го носеше бројот „8“ и беше дел од тројната титула на Лејкерс заедно со Шекил О’Нил во периодот од 2000 до 2002 година. На десната страна од муралот е нацртан Коби со дресот со број „24“ кој го носеше во вториот дел на кариерата кога ги играше и најдобрите партии и без помош на Шек стигна до два прстена во 2009 и 2010.

Се вчитува...