Кочов: Факт е дека бевме емотивно испразнети, но извојувавме значајна победа

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром запишаа нова победа во АБА-2 регионалната лига, славејќи во драматична завршница против Нови Пазар со 89-87 благодарение на слободните фрлања во последната секунда на Харис.

Тренерот на „металците“, Ѓорѓи Кочов е задоволен со среќниот крај на натпреварот иако е јасно е дека имаше недостатоци во играта.

„Ова беше навистина тежок натпревар во кој се виде дека емотивно сме испразнети. Во секој случај, добро е што имаше среќен крај за нас. Ова е победа која навистина многу ни значи. Кога се ќе се изанализира мора да искажам честитки до моите играчи, кои и во ваков ден на противникот успеаја да го сочуваат домашниот терен“ – вели Кочов.

МЗТ Скопје, по 10 кола во второто по квалитет регионално натпреварување, има ефект од осум победи и два пораз, издвојувајќи се на самиот врв на табелата.

Се вчитува...