МЗТ Скопје Аеродром е првиот финалист во плеј-оф разигрувањето за титулата во Првата македонска кошаркарска лига, откако и третпат славеше во полуфиналната серија против Гостивар. Тренерот на тимот од „Јане Сандански“, Ѓорѓи Кочов вели дека и покрај победата не е задоволен од енергијата која ја дадоа неговите кошаркари на теренот.
„Не ми се допадна енергијата на моите кошаркари на натпреварот. Ни недостигаше поголема енергичност. Влегоа во натпреварот опуштени, бидејќи мислеа дека Гостивар веќе се предаде. Мораме да бидеме поагресивни, како во одбраната така и во нападот ако сакаме да ја освоиме титулата во домашното првенство“, вели Кочов.
Во финалеto МЗТ Скопје ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Работнички и Блокотехна, а тренерот на „металците“ вели дека не е важно кој ќе биде противник, туку тие мора да бидат на вистинското ниво.
„Мораме да играме подобро во финалето. Искрено, и двата тима се одлични и во моментов не можам да кажам кого посакувам. Важно е МЗТ да биде вистинскиот и со агресивна игра во напад и во одбрана да се обидеме да го освоиме трофејот во домашното првенство“, заврши Кочов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА