Кочов: Ќе излажам ако речам дека очекував ваков натпревар

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром забележа една од најубедливите победи во градските пресметки со големиот ривал, Работнички. Со триумфот, МЗТ дојде до 13 бода и има идентичен скор како и лидерот Гостивар. Во првото сезонско дерби, тимот од „Јане Сандански“ беше апсолутно подобриот противник во мечот кој се очекуваше да донесе поголема неизвесност и вистински дуел на претендентите за трофеите во домашната кошарка.

„Среќен сум што славевме во „Градски Парк“, особено што победивме во ваква атмосфера. Сезонава за жал не играме во ваква атмосфера и добро што вака изреагиравме на притисокот. Не очекував да биде вака. Ако кажам дека очекував ќе излажам. Задоволен бев како се подготвувавме, но не го очекував ова, се случува. Бевме агресивни во одбраната. тоа го реши натпреварот и нивната кратка клупа“– вели по натпреварот, тренерот на МЗТ, Ѓорги Кочов.

 

Се вчитува...