Кочов: Мотивацијата ќе биде клучен фактор за успех против Блокотехна

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го одиграат клучниот натпревар во битката за второто место на табелата пред плејофот и тоа на домашен терен против Блокотехна (17.45 часот) во рамките од седмото суперлигашко коло. „Металците“ мораат да слават за да останат во игра за второто место на табелата, а исто така ќе треба да победат со најмалку осум поени разлика ако сакаат да се пред Блокотехна доколку двата тима ја завршат Супер-лигата со идентичен број на победи и на порази.

„Пред нас е натпревар кој исклучително важен и за нас и за Блокотехна, со оглед на меѓусебната битка за втората позиција на табелата и предноста на домашниот терен во полуфиналната плејоф-пресметка. Ако успее да ја подигнеме одбраната на повисоко ниво во однос на двете претходно средби тогаш ќе може да се надеваме на успешен епилог на крајот. Мотивацијата и желбата кај играчите ќе биде можеби клучен фактор бидејќи само со максимална посветеност може да дојдеме до успех. Нашата шанса ја гледам во нашата поголема ротација, која пак ни дозволува да бидеме пограсивни во дефанзивата. По двата неодамнешни порази со триумф над Блокотехна би покажале карактер и квалитет, а со тоа и дека сме способни да ја одбраниме шампионската титула“, вели Ѓорѓи Кочов.

Средбата ќе се одигра во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“, а билетите се веќе пуштени во продажба по цена од 50 денари.

Се вчитува...