Кочов: МЗТ Скопје станува екипа

Стратегот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, беше задоволен по новото добро издание на тимот и триумфот на мечот со Широки Бријег. Според Кочов, најважно е што тимот се повеќе го краси колективна игра, нешто што ќе биде од голема помош за остварување на зацртаната цел – пласман во АБА1.

Ова беше многу цврст меч, секоја чест на Широки Бријег, тим што е млад, но исклучително борбен. Кај нас има напредок во играта, ќе бидеме се подобри и подобри. Им честитам на моите кошаркари, задоволен сум бидејќи МЗТ Скопје станува екипа. Наша желба е АБА1, двапати ни бега за малку, сега нема назад, одиме напред. Системот не ни одговара, нема дома гости, нема публика, но така е за сите екипи. Ние ќе сториме се за да стигнеме до АБА1, дали ќе успееме ќе видиме на крајот од сезоната“, изјави Кочов по натпреварот.

Следен предизвик за македонскиот првак е дуелот со Борац Бања Лука в среда, по што „металците“ се враќаат назад во Скопје.

Се вчитува...