Кочов: Некој треба да има храброст, да шутне и да ја преземе одговорноста…

Ѓорѓи Кочов и неговите избраници не ја научија лекцијата од првиот натпревар во Бања Лука. Откако едвај го победија Хелиос пред три дена, „металците“ денеска се посрамотија против Слобода Ужице, која и без тројца стандардни првотимци успеа да им одржи лекција.

Кочов во вторникот најави дека ќе реагира за да ја корегира играта на својот тим, но МЗТ и денеска како и тогаш одигра катастрофално второ полувреме.

„Не го потценивме противникот, се подготвувавме максимално, но не одигравме на посакуваното ниво. Кога во едно полувреме ќе промашиш осум слободни фрлања, тоа е катастрофа. Иако се помлади, тие покажаа поголема храброст, земаа шутеви и погодуваа. На спротивната страна, план ни беше да напаѓаме на „лоу-пост“, тие се собираа, но некој мора да го земе тој шут од надвор, да ја преземе одговорноста. Кога требаше да се шутира ние не шутиравме, потоа се влегуваше во импровизација и се случи она што се случи“, истакна Кочов.

Се вчитува...