Кочов: Нема време за жалење, пред нас се уште многу натпревари

Ѓорѓи Кочов имаше причина за разочараност по слабото издание на МЗТ Скопје и поразот од Подгорица на стартот од АБА2-лигата. Иако „металците“ имаа водство во голем дел од мечот, сепак потклекнаа во самиот финиш, промашија неколку чисти шутеви и на крајот претрпеа минимален пораз.

„Им ја честитам победата на противниците, ние сме далеку од онаа форма во која треба да бидеме. Имавме играчи со коронавирус, доста време не тренираме и се гледа дека не сме во натпреварувачки ритам. Сметам дека сме поквалитетна екипа од Подгорица, ова беше тврд меч, но за жал не успеавме да стигнеме до победата што ја посакувавме. Нема време за жалење, има уште многу средби пред нас“, истакна Кочов.

МЗТ Скопје задутре го игра својот меч од второто коло, против екипата на Сутјеска.

Се вчитува...