Кочов: Од Дамјан се очекува ова, но сите беа одлични, особено во одбраната

МЗТ Скопје Аеродром го дели една победа од шампионската титула во домашното кошаркарско првенство. Тимот е на чекор да си го поврати тронот откако поведе со 2-0 во финалната серија со Работнички. Бранителот на трофејот имаше предност во најголем дел од натпреварот, а МЗТ кон пресвртот го поведе капитенот Дамјан Стојановски.

„Бевме во грч, промашивме отворени шутеви, имаше малку и невроза порадизначењето на натпреварот. Работнички беше порастоварен. Но, последните 4-5 минути го решија натпреварот. Тогаш одигравме одлична одбрана и тоа беше клучот. Од Дамјан се очекува ова на секој натпревар. За мене не е изненадување. Можам да ги пофалам сите особено за одбраната. Но, не е готово, не чека теша битка на домашен терен“ – вели тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.

Третиот натпревар е веќе по два дена на теренот на МЗТ. Тимот од Аеродром има шанса со минимален број натпревари во финалето да стигне до титулата.

Се вчитува...