Кочов: Пофалби до моите кошаркари, ваква одбрана игравме само против Работнички

МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога на денешниот натпревар против Лоќен откако убедливо славеше со 55-96, со што аеродромци фатија учинок кон врвот на табелата со скор од шест победи и три порази.

По средбата тренерот на „сино-белите“, Ѓорѓи Кочов не го криеше задоволството од одличната партија на своите избраниците кои шутираа со фантастични 62% зад линијата 6,75 (18/29), а притоа одиграа и одлично во одбраната каде го лимитраа противникот на 24 поени во рекетот.

„И јас сум малку изненаден, ова е втор натпревар на кој играме ваква одбрана откако сум јас тренер, првиот беше против Работнички во финалето од плеј-офот пред две години. Морам да ги пофалам моите кошаркари, играа храбро, агресивно и тоа беше клучно. Пофалби заслужуваат и моите помошници и кондицискиот тренер кои заврпија одлична работа, ги подготвија играчите и успеавме да го запреме најдобриот играч на Ловќен, Питерс“ – изјави по натпреварот тренерот на МЗТ Скопје.

Се вчитува...