Кочов: Со ваков пристап можеме да стигнеме далеку

Ѓорѓи Кочов имаше причина за задоволство по добрата игра на МЗТ Скопје и заслужената победа на дуелот со Широки Бријег. Стратегот на „металците“ како клучни за триумфот ги посочи одбраната против транзицијата на противникот, како и подобрата игра под обрачите, изразена со 13 скокови повеќе од гостите од БиХ.

„Честитки на моите кошаркари за победата, ова што го трениравме последните денови го одигравме и за време на натпреварот. Нормално е да имаме пропусти, имавме мали падови на концентрација, но имавме против себе квалитетен ривал. Важно е што ја спречивме нивната транзиција, скок-играта ја контролиравме со 13 скокови повеќе од противникот. Задоволен сум од сите што играа и со ваков пристап можеме да стигнеме далеку“ – истакна Кочов.

Гостинскиот тренер на прес-конференцијата му ја честиташе заслужената победа на македонскиот првак.

„Честитки на тимот на МЗТ Скопје за заслужената победа, одиграа добра домаќинска средба. Ние игравме многу лошо во првото полувреме, имавме многу загубени топки, тие знаеја како да не казнат, стигнаа до двоцифрена предност. Се обидовме да се вратиме, но не успеавме, имавме и лоши ситуации во одбраната, МЗТ го искористи тоа умешно и стигна до триумф“ – истакна стратегот на Широки Бријег, Хрвоје Влашиќ.

Се вчитува...