Коентрао замина на позајмица во Спортинг Лисабон

Реал Мадрид се ослободи од уште еден фудбалер кој не беше дел од плановите на Зинедин Зидан, испраќајќи го Фабио Коентрао назад во татковината во тимот на Спортинг Лисабон. Левиот бек повеќе од една седмица тренираше во Лисабон, за „кралевите“ конечно се се договорат со Спортинг и да дадат зелено светло за заминување на дефанзивецот. Иако се споменуваше негова продажба во Спортинг, сепак на крајот двата клуба се договорија Коентрао да замине на едногодишна позајмица во Лисабон.

Реал Мадрид и Спортинг Лисабон постигнаа договор за позајмица на фудбалерот Фабио Коентрао до јуни 2018 година“ – се вели во краткото соопштение на актуелниот европски и шпански првак.

Коентрао премногу ретко добиваше шанса за настап во минатата сезона, претходно беше на позајмица во Монако, но откако Реал реши да го доведе младиот Тео Хернандез стана јасно дека Португалецот ќе си замине во текот на летово.

Се вчитува...