Кога Барса примила осум гола? После војната…

Баерн Минхен ја прегази Барселона со 8-2 во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Кике Сетиен делуваше толку немоќно што ниту во еден момент не можеше да се понадева на пласман во следната рунда. Барса само ја потврди очајната сезона на Шпанците во ЛШ, а сите се прашуваат дали воопшто овој гигант има примено осум гола на еден натпревар.

Се случило тоа по Втората светска војна. Во 1946 година Севилја ја има совладано Барселона со 8-0 во Купот на Кралот…

Од друга страна и Роберт Левандовски урна два рекорда. Постигна голови на осум последовни меча и го надмина Јирген Клинсман.

 

 

 

Се вчитува...