Кога би било: „Застрашувачките 11“ на Јувентус ако дојде Нејмар (ВИДЕО)

Се погласни се шпекулациите за преговорите на Јувентус со ПСЖ околу ангажман на Бразилецот Нејмар. „Старата дама“ кон Париз би го пратила Пол Дибал со добра финансиска поддршка, додека Бразилец би бил нов член на италијанскиот клуб.

Тешко е да се верува во ваков расплет, пред се и затоа што Јуве има лимитиран буџет и кога е во прашање платата на бразилскиот репрезентативец. Но, преодниот рок во Италија трае до 2. септември па имаат црно-белите можност за реализација на своите замисли.

Во меѓувреме шпански АС ги состави идеалните 11 на Јувентус заедно со Нејмар во тимот кој би вредел 630 милиони евра.

На голот Шчесни, во последната линија Алекс Сандро, Де Лихт Бонучи и Данило, па во средината Пјаниќ, Кедира и Рабио и во нападот Нејмар, Роналдо и Бернардески.

Се вчитува...