Кога дојде, кога направи инцидент: Бен Арфа отстранет од првиот тим на Лил

Хатем Бен Арфа е остранет од тимот на Лил поради конфликт со тренерот. 35-годишниот фудбалер веќе два дена не тренира со екипата, и е суспендиран поради тоа што се жалел на главниот тренер. За време на натпреварот Лил – Бордо 0-0, и наводно му сугерирал на тренерот да ја промени тактиката.

„Играме премногу длабоко. Не личиме на екипа која се бори за Европа. Ова не е Генгамп“, наводно му рекол Бен Арфа.

Раководството на клубот собира информации околу инцидентот. Актуелниот тренер на Лил, Жоселин Гувернец претходно беше на клупата на Генгамп.

Бен Арфа дојде во Лил во јануари, и има договор до крајот на сезоната.

Се вчитува...