Кога е здрав, тој е незапирлив – Казорла потпиша со Вилјареал

Санти Казорла низ кариерата веќе се докажал како плејмејкер од највисока класа, но кога нема проблеми со повредите. За жал, во последните години шпанскиот ас имаше бројни операции поради кои речиси и да немаше настап за Арсенал, па не беше изненадување кога „топчиите“ решија да не потпишат нов договор со него.

Казорла од денеска и официјално има нов клуб, откако потпиша договор со Вилјареал. Првичниот договор беше пријателски од двете страни, Казорла да почне да тренира со тимот, да игра пријателски средби, да влезе во натпреварувачки ритам и доколку нема проблеми со повреди да потпише договор.

Се оствари најдоброто сценарио, Казорла играше одлично, минутажата му беше се поголема, а откако ги воодушеви и челниците и стручниот штаб, но и соиграчите, тој денеска и официјално потпиша договор со „жолтата подморница“.

По толку малери, Санти Казорла заслужува сезонава проблемите да го обиколат, за повторно да ги покаже своите фудбалски мајстории, овојпат во „Ла Лига“.

Се вчитува...