Кога Ѓоковиќ последен пат загубил сет со 0-6?

Новак Ѓоковиќ доживеа неверојатно фијаско во првиот сет од финалето на Мастерс-турнирот во Рим. Рафаел Надал одигра беспрекорно и не му дозволи на Србинот да освои ниту еден единствен гем.

Ова е првпат по пауза од четири години српскиот тенисер да не освои ниту еден гем, последен пат тоа му се случило исто така во Рим, на дуелот против Белучи во 2015 година. Бразилецот го доби првиот сет со 0-6, за потоа Ѓоковиќ да се разбуди, да заигра многу подобро и да направи целосен пресврт добивајќи ги следните два сета со 6-3, 6-2.

Ова е 54. дуел меѓу Ѓоковиќ и Надал, при што првпат се случува еден од тениските великани да добие сет со максимални 6-0. Последен пат ваков исход на финален меч во Рим имало во 2002 година, кога Агаси доби сет против Хас со 6-0.

Се вчитува...