„Кога играше Болоња не смеевме да влегуваме во неговата соба“ – медицинската сестра раскажува за Синиша Михајловиќ

Медицинската сестра, Кармела Боскарио стана позната кога Синиша Михајловиќ ја нарече „ангел чувар“ на прес конфернецијата на која заборуваше за тешката болест со која се бори и за луѓето од болницата кои му помагале во најтешките моменти. Во интервју за весник од Болоња таа раскажува за тоа каков пациент бил Михајловиќ и колку се нервирал за време на натпреварите на Болоња.

„Се нервираше околу Болоња. Кога натпреварите беа во тек знаевме дека не смееме да влегуваме во неговата соба. Го случавме како вика, се слушаше низ ходниците и во другите оддели, но никој од пациентите не се бунеше. Кога ќе загубеше Болоња, пациентите прашуваа како го поднел тоа Синиша“ – објаснува сестрата.

Михајловиќ мина низ три циклуси хемотерапија, а неодамна излезе од болница по транспантацијата на коскена срцевина.

„ Кога дозна дека донаторот е Американец, почна на шега веднаш со нас за добрува англиски иако не знае ниту еден збор. Смеата му помагаше да се опушти. Кога не можеше да спие поминуваме цели ноќи разговарајќи за разни важни теми. Ми зборуваше за раобтата, за тоа од каде доаѓа, ми објасни дека војаната е многу болна тема за него“ – раскажува Боскарино.

 

 

Се вчитува...