„Кога ќе дојдат слемовите Новак станува погладен и помотивиран“

Новак Ѓоковиќ испиша нова историја во тенисот освојувајќи го 23. гренслем трофеј во својата кариера со што ги остави зад себе Рафаел Надал и Роџер Федерер кои имаат 22, односно 20 трофеи.

По натпреварот за успехот на Србинот говореше и неговиот тренер Горан Иванишевиќ кој вели е горд на Новак, а откри и што било клучот за успехот.

„Посебно сум горд на Новак за последните два меча. Рековме дека ако сака да ја освои титулата мора да престане да збори со нас во текот на мечот, да вика и се тоа. И видовте, беше многу концентриран. Новак има некој посебен софтвер во главата кога ќе дојдат слемовите. Кога стигнавме тука веднаш беше помотивиран и гладен. Не сметав на турните пред овој, тогаш беше во полоша форма, но тука се се промени“, вели храватскиот тренер.

Се вчитува...