Кога ќе ве совладаат емоциите: Спортот е многу повеќе од натпревар… (ФОТО)

Басконија синоќа по голема драма успеа да ја победи Барселона и да стигне до шампионската титула во Шпанија. Во Валенсија беше 69-67, триумф кој е најголем успех во кариерата на Ахилеј Полонара.

Италијанскиот кошаркар во 28-та година од животот успеа конечно да стигне до значаен трофеј, па воопшто не зачудува што по големата победа го совладаа емоциите. Откако се се заврши, Полонара замина на празните трибини и се исплака како мало дете. Затоа што спортот е многу повеќе од само натпревар, а успесите се секогаш добра потврда за трудот, напорот, желбата… Го знае тоа секој спортист!

 

Се вчитува...