Кога на Лидс не му оди, тука е Алиоски (видео)

Езгијан Алиоски е во главна улога во првото полувреме од дербито на Чемпионшип дивизијата меѓу Лидс и ВБА, во кое домашниот тим води со 1-0 токму со голот на македонскиот репрезентативец.

Лидс се мачеше да го скрши отпорот на гостите од Бирмингем, но Алиоски со прецизен удар од десетина метри откосо успеа да го матира голманот на ВБА.

Погодокот е уште позначаен ако се земе во предвид дека Лидс се наоѓа во криза, бележејќи само една победа во последните четири кола.

Се вчитува...