Кога на сопствениот стадион ќе се чувствувате како гостин: Шокираноста на Лапорта е вистински хит… (ВИДЕО)

Германската инвазија на Камп Ноу на реванш натпреварот од четвртфиналето од Лигата на Европа меѓу Барселона и Ајнтрахт Франкфурт (2-3) е главна тема низ бурната фудбалска недела.

Тоа што од 79.000 присутни навивачи во Барселона дури 30.000 биле гостински е навистина восхитувачки за еден ваков натпревар. И навивачите на Барса, која е гордост за Каталонците, повеќе ги боли тој податок отколку елиминацијата на терен.

А, еден од оние кои беа шокирани од тоа што Ајнтрахт на Камп Ноу имаше домашна атмосфера беше и претседателот на Барселона, Хуан Лапорта.

Два дена по натпреварот хит е видео снимката која го покажува изразот на лицето на Лапорта по доаѓањето во свечената ложа на Камп Ноу. Претседателот на Барса вчудоневидено гледаше по трибините на кои царуваа германските навивачи…

Се вчитува...