Кога не може Меси, тука е Мбапе – во последната минута носи победа за ПСЖ, Сити го „спакува“ Спортинг (ВИДЕО)

Се беше подготвено голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа да биде прогласен за херој на вечерта во Париз, но „шоуто“ го украде Килијан Мбапе кој во 94. минута го погоди она што не можеше неговиот соиграч Меси. Мбапе како да се изнервира, сам ја зема топката, мина неколку играчи на Реал и погоди во мрежата на одличниот Куртоа.

Долго време ПСЖ се мачеше да го скрши отпорот на Реал и на фантастичниот Куртоа. Во 62. минута Меси имаше шанса и преку Пенал, но Белгиецот беше одличен и одбрани, па така се одеше кон тоа дека ќе нема победник. Така не мислеше Мбапе кој донесе важна победа за ПСЖ пред реваншот, иако и Реал сега ќе има свои математики. ПСЖ доминираше, ПСЖ редеше шанси, покрај Меси, ги имаа и Ди Марија, и Нејмар, и самиот Мбапе во првиот дел. Куртоа бранеше се, но не можеше она на Мбапе, а неговите соиграчи, верувале или не, немаа ниту еден удар кон голот на Донарума.

Во вториот натпревар Манчестер Сити веќе го „спакува“ Спортинг. Го совлада со 0-5 во Лисабон, и со тоа веќе е во 1/4 финалето. Марез во 7. минута, потоа Силва во 17. минута, и на крај Фоден во 32. минута и повторно Силва во 44. минута, носат голема предност за Англичаните на полувремето. Во вториот дел Стерлинг во 58. минута става печат на победата на четата на Пеп Гвардиола.

Се вчитува...