Кога Обрадовиќ ќе полуди на тајмаут: Алексааааа… (видео)

Жељко Обрадовиќ уште еднаш го покажа незгодниот темперамент кога не е задоволен од изданието на своите кошаркари, откако трофејниот стратег ги загуби нервите во финишот од дуелот меѓу Андора и Партизан.

Незадоволен од играта во одбрана, но и од себичноста во нападот на плејмејкерот Алекса Аврамовиќ, Обрадовиќ побара тајмаут, па потоа почна да врескапо своите кошаркари.

„Алексааааа… можеш ли барем еднаш да ја додадеш топката“, го критикуваше Обрадовиќ својот плејмејкер.

Советите не вродија со плод, па Партизан поради слабата игра во второто полувреме загуби со 61-60, прв пораз на „црно-белите“ сезонава, откако досега имаа перфектен скор и во Еврокупот и во АБА-лигата.

Се вчитува...