Кога парите не се проблем: Роналдо галантен во Дубровник

Кристијано Роналдо со девојката Георгина во Дубровник ги помина празничните денови за католичкиот Велигден. Во хрватската хит дестинација тие поминаа неколку дена, а дека навистина уживаа можеше да се види по објавите на социјалните мрежи.

Третманот кој го имаше еден од најдобрите фудбалери на денешницата беше кралски. Од една до друга локација тој патуваше со посебно возило, кое го доведуваше и до самиот влез на рестораните, ситуација која не беше случај со другите светски ѕвезди кои го посетуваа Дубровник.

„На овој начин му дадовме специјална услуга и на тој начин му овозможивме приватна посета. Го разбираме интересот на јавноста, но сепак човекот беше дојден на одмор“, изјави градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ.

Роналдо во Хрватска дојде во саботата во доцните вечерни часови со приватен авион, а не му беше проблем ниту да одвои 7.000 евра на вечер за престој во „Вилата Шехерезада“, во која претходно биле и Џејми Фокс, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон. Изнајмувањето на луксузното возило „Мерцедес“ кое го пренесуваше од една до друга локација го чинеше 1.000 евра дневно. Славната двојка вечераше во најлуксузните ресторани во Дубровник.

Роналдо и Георгина во Дубровник купуваа сувенири, одеа на излети во приватен аранжман, што значи дека дневно трошеле по минимум 20.000 евра. Целиот износ за „ѕвездата“ на Јувентус не претставува проблем, знаејќи дека неговата годишна заработувачка изнесува 30 милиони евра.

Се вчитува...