„Кога Русите ќе се вратат во европскиот фудбал… прашајте го Путин…“

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин уште еднаш го повтори ставот дека за руските екипи и репрезентации блокадата кога станува збор за европските натпреварувања ќе трае се додека трае воениот конфликт во Украина.

УЕФА беше меѓу првите организации што ги суспендираше руските репрезентации и клубови, воедно прекинувајќи го и богатиот спонзорски договор што го имаше со компанијата „Газпром“ како еден од главните спонзори на Лигата на Шампионите.

„Прашајте го Путин кога Русите ќе се вратат на европската фудбалска сцена. Тоа ќе се случи откако ќе заврши војната во Украина, а кога ќе биде тоа, најдобро знае рускиот претседател. Одлуката да прекинеме со Газпром не беше нималку лесна, но мораше да биде донесена. Во Европа се води војна, а ние не сакавме на нашите стадиони да има реклама од руска компанија, го направивме тоа како симболичен чин дека сме против воениот конфликт. Лично, стојам зад тоа, но исто така сум и разочаран што слушам како се уште најмногу плачат истите оние кои до ден денеска купуваат плин од истата таа компанија. Европа не е баш шампион кога станува збор за човековите права, а гледам премногу популисти кои зборуваат се и сешто поради самопромоција“, изјави Чеферин.

Се вчитува...