Кога Селби го освојува СП во снукер, само еден тим ја освојува ЛШ…

Шпанските медиуми најдоа уште една причина зошто се уште прв фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампионите е Реал Мадрид. Можеби звучи интересно и тотално неповрзано со фудбалот, но кога Марк Селби ја освојувал титулата на Светското првенство во снукер, во истата година „кралевите“ се радуваат на титулата во елитното натпреварување.

Селби беше Светски шампион во 2014, 2016 и 2017 година, а годинава стигна до својата четврта титула во „Крусибл“. Реал прво го очекува реваншот во полуфиналето против Челси, а доколку слави во финалето ќе мора да го добие и Манчестер Сити.

 

Се вчитува...