Кога си „кралот“ можеш и со пура на прес-конференција (ВИДЕО)

Леброн Џејмс го освои четвртиот шампионски прстен во НБА лигата станувајќи единствениот играч во историјата кој освоил титули и станал МВП со различни франшизи. Џејмс во тандем со Ентони Дејвис и со поддршка од ветераните Ражон Рондо и Двајт Хауард го крена Лос Анџелес Лејкерс до шампионските височини по пауза од една деценија.

„Тоа што имам што да докажувам ми дава енергија. Постојано се соочувам со преиспитувањата околу мојата вредност. Има споредби со играчи кои биле влијателни низ историјата. Го направил ли ова? Го освоил ли ова? Затоа сметам дека е добро што имам што да докажувам“  – вели Џејмс.

 

 

 

 

Се вчитува...