Кога ти е убаво на душата и топката те слуша (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација на Македонија во пријатна атмосфера го одработи официјалниот тренинг на арената во Талин каде утре (18 часот) ќе го игра следниот натпревар од тековниот циклус во Лигата на нации. Косово е веќе тотално заборавено, сега сите мисли се насочени кон Естонија.

Убаво е на душата по триумфот над Косово, а тоа се гледа и како фудбалерите ја „милуваат“ топката. Очекувања се јасни, нов триумф и победа против Естонците за задржување на првото место во групата.

 

Се вчитува...