„Кога црнец протестира тој е криминалец, кога белец пука тој е добар човек“

Кошаркарот на Филаделфија 76, Тобајас Херис даде свој став околу протестите во САД предизвикани од убиството на Џорџ Флојд од страна на полициски службеник.

„Секогаш сум за разговор. Доколку говориме за убиството на Џорџ Флојд мораме да сфатиме неколку работи. Него го уби бел полицаец во сред бел ден. Тројцата останати полицајци само уживаа во глетката бидејќи се работеше за црнец. Немој да ми говорите дека ова е изолиран случај и дека нема врска со расата, и тоа као има. Зошто белите луѓе секогаш потенцираат дека не треба се да се гледа низ призмата на расизам? Така зборувате бидејќи не се вашите блиски дел од насилство. Минатиот месец бел човек пред собранието во Мичиген беше наоружан и пукаше против коронавирусот и тој е добар човек. Значи црнец кога протестира е криминалец, а белец кога користи оружје е добар човек? Тоа го вели нашиот претседател“, изјави Херис. 

Херис пред доаѓањето во Филаделфија во кариерата настапуваше и за Орландо Меџик, Детроит Пистонс и Лос Анџелес Клиперс.

Се вчитува...