Кои се кандидатите за нов селектор на Италија?

Четири големи имиња на италијанскиот фудбал кои важат за најдобри стручњаци во тренерската струка, ќе се борат за селекторското место на клупа на Италија. Кандидати за нов италијански селектор на местото на Џанпjеро Вентура кој доби отказ откако „аѕурите“ не изборија пласман на СП 2018 во Русија, се Антонио Конте, Карло Анчелоти, Клаудио Раниери и Роберто Манчини.

Но, фактот што Фудбалската федерација на Италија се уште нема претседател, значително ги отежнува преговорите со кандидатите и ја пролонгира целата процедура.

„Тоа се тренерите со кои ќе разговараме. Никој не е во предност. Манчини е во Рим, но се уште не сме разговарале, Конте со задоволство повторно би ја водел репрезентацијата, Анчелоти е неодлучен, а тука е и Раниери. Со сите кандидати ќе разговараме Алесандро Костакурта и јас“ – изјави генералниот секретар на Фудбалската федерација на Италија, Роберто Фабричини.

Се вчитува...