Дресот на кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари е најпродаван во НБА лигата, покажуваат податоците на официјалната продавница. Втора година по ред, а петти во кариерата, дресовите на Кари се на врвот на листата.
Ако зборуваме за тимови, дресовите на Лос Анџелес Лејкерс се водечки. Интересно, дресот на Виктор Вембањама, кој ја игра првата сезона во НБА, е четврти на листата.
Дресот на Леброн Џејмс е веднаш зад Кари по побарувачка, а по него е дресот на Џејсон Тејтум. Меѓу 10-те најбарани се и дресовите на Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Девин Букер, Кевин Дурант, Демиен Лилард и Тајрис Макси.
Што се однесува до Никола Јокиќ, двократниот МВП и актуелен шампион во НБА, неговиот дрес е 13. по побарувачка, веднаш под оној на главниот конкурент Џоел Ембиид.
The NBA’s top-selling jerseys list… based on https://t.co/I0ypSvyq5i sales from the second half of the 2023-24 season! pic.twitter.com/MPgUcYatdi
— NBA (@NBA) April 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА