Кои се ракометарите со најмногу настапи на ЕП за Македонија?

Се е подготвено за почетокот на новиот настап на Македонија на едно ракометно европско првенство, вкупно шести за нашиот национален тим на континенталните собири.

Во пресрет на денешниот дуел со Украина, ЕХФ објави и официјална статистика за македонскиот национален тим, според која Кире Лазаров не се наоѓа во групата на ракометари со најмногу настапи во репрезентативниот дрес на европските шампионати. На врвот на оваа листа од актуелните репрезентативци се наоѓаат Борко Ристовски, Дејан Манасков и Стојанче Стоилов со по 25 одиграни натпревари, исто колку и Ацо Јоноски и Филип Миркуловски, кои повеќе не го носат репрезентативниот дрес. Сите петмина ракометари настапија на сите средби на европските шампионати од Србија во 2012 до Хрватска во 2018 година, додека Лазаров поради повреда пропушти еден меч на ЕП во Данска во 2014, а потоа не можеше да настапи ниту на последните две средби од ЕП во Хрватска пред две години.

Десниот бек е неприкосновен кога станува збор за погодоците на европските шампионати, со вкупно 160 е убедливо најдобар во македонската репрезентација. Зад него на оваа листа се наоѓаат Дејан Манасков со 83, Стојанче Стоилов со 71, Филип Миркуловски со 60 и Гоце Георгиевски со 39 постигнати погодоци.

Се вчитува...