Кој друг ако не Бојан: Миовски со нов гол, сега со „левица“ во аголот (видео)

Бојан Миовски продолжува со одличните настапи во дресот на Абердин откако македонскиот ас постигна нов погодок за својот тим, овојпат на гостувањето против Клајд во рамките од ФА Купот на Шкотска.

Абердин се мачеше да го скрши отпорот на противникот се до мајсторската реализација на Миовски, кој со левата нога ја смести топката во аголот од противничкиот гол, не давајќи му шанса на голманот на Клајд за успешна интервенција.

Погледнете го новиот гол на Миовски, кој најверојатно ќе остане во Абердин до крајот на сезонава, но нема сомнеж дека потоа ќе следи трансфер во некој посериозен клуб.

Се вчитува...