Кој друг?… Левандовски во 91. минута за Баерн победнички да ја почне 2017 година!

Баерн Минхен победнички ја почна 2017 година во Бундеслигата благодарение само на, кој друг, ако не Роберт Левандовски.

Баварците во првиот натпревар од 17. коло славеа со 1-2 на гостувањето против Фрајбург, со двата погодоци на Левандовски, од кои оној победничкиот во 91. минута од дуелот.

Претходно, Хаберер уште во 4. минута го донесе Фрајбург во водство, а потоа Левандовски израмни во 35. минута од дуелот…

All Goals & Highlights HD – Freiburg 1-2 Bayern… by arcturusmedia33

По овој триумф, Баерн Минхен со 42 бода се зацврсти на врвот од табелата, шест повеќе од второпласираниот Лајпциг кој утре го игра својот натпревар од ова коло против Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...