Борусија Дортмунд е вистински хит во Лигата на шампионите сезонава, а ги дели само еден натпревар од ново финале во елитното натпреварување откако синоќа на домашен терен славеа против ПСЖ со 1-0.
Еден од најголемите виновници за успехот на „милионерите“ е тренерот Един Терзиќ кој прерасна во еден од најсимпатичните тренери на стариот континент. Кој е всушност Един Терзиќ?
Един е роден во Менден, Германија, на 30. август 1982 година. Неговиот татко Ибрашим е од Доњи Вакуф (БиХ), а неговата мајка Ружица е од Осиек. Терзиќ има хрватско и германско државјанство, тој пораснал во град во близина на Дортмунд и за прв пат ја гледал Борусија од трибинит кога имал само девет години.
По епизодата со Славен Билиќ во Бешикташ и Вест Хем тој се врати во Борусија во 2018 година како помошник на Лусиен Фавр. Во сезоната 2020/21. привремено го водеше тимот до доаѓањето на Марко Розе и го освои Купот и влезе во Лигата на шампионите, а во јули 2022 година доби договор со Борусија како прв тренер, до 2025 година.
Својата УЕФА про лиценца ја доби во 2018. Дипломирал во Англија, во генерацијата на Греам Потер, Ники Бат и Немања Видиќ. И работеше со Ерлинг Халанд, Џејдон Санчо, Марко Ројс…
Во октомври 2022 година, по одличното дерби со Баерн (2-2), со насолзени очи погледна кон небото. Никој не знаеше низ што поминува подготвувајќи се за натпреварот. Дури по средбата фановите дознале дека неговиот татко Ибрашим починал на 73-годишна возраст. А тоа го дознале поради некрологот во локалниот весник. Затоа Џуд Белингем наводно му влетал во прегратка четири дена претходно, по голот против Севилја во победата од 4-1 во Лигата на шампионите.
Сопругата Кора Волм ја запознал на игралиште бидејќи и таа била фудбалерка, играла за Бохум во втора лига. Тие се венчаа во 2013 година и имаат две ќерки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА