Кој е главен на „Олд Трафорд“? Сер Алекс ќе биде ментор на Солскјер

Легендарниот Сер Алекс Фергусон е најзаслужниот за назначувањето на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед.

Како што тврдат англиските медиуми, по отказот за Мурињо, Фергусон ја водел целата операција околу договорот и назначувањето на Солскјер за нов менаџер на „црвените ѓаволи“. Поранешниот напаѓач не можел да го одбие големиот Сер Алекс.

Челниците на Јунајтед во прв план имале сосема други тренери, но на крајот Фергусон ги убедил дека токму Солксјер е вистинското решение. Но, по сета таа приказна сега се тврди дека со назначувањето на Норвежанецот, Манчестер јунајтед во суштина го добил назад во клубот и Фергусон.

Наводно, Фергусон ќе биде сега еден вид главен ментор на Солксјер, главен советник за се околу тимот, подготовката на тимот, тактиката и натпреварите. Ако е точно, тогаш воопшто не се изненадувачки оние 1-5 на гостински терен против Ватфорд.

Се вчитува...