Меси против Гвардиола, петта „рунда“ – како завршија претходните четири дуели?

Пеп Гвардиола го водеше Лионел Меси четири сезони во Барселона од 2008 до 2012 година. Клубот за тоа време освои 14 трофеи, вклучувајќи три титули во Ла Лига и два пехари во Лигата на шампионите. Под водство на Гвардиола, Меси одигра 47 натпревари во Лигата на шампионите, постигнувајќи импресивни 43 гола, а тимот од Каталонија во тој период оствари 28 победи, запиша 15 реми натпревари и само 4 порази од 47 европски меча.

Откако Пеп Гвардиола го напушти каталонскиот клуб, Меси играше против екипите предводени од Гвардиола и тоа во четири наврати во Лигата на шампионите, двапати против Баерн Минхен и двапати против Манчестер Сити.

Статистиката без дилема припаѓа на Аргентинецот, еве кои рекорди Меси ги запиша против тимовите на Гвардиола во Лигата на шампионите:

2014/15 Барселона 3-0 Баерн Минхен, Меси постигна два гола.

2014/15 Баерн Минхен 3-2 Барселона.

2016/17 Барселона 4-0 Манчестер Сити, Меси постигна хет-трик.

2016/17 Манчестер Сити 3-1 Барселона, Меси постигна еден гол.

Лионел Меси и Пеп Гвардиола ќе се сретнат уште еднаш, овој пат ПСЖ во Париз ќе го пречека Манчестер Сити. Лео по повредата се очекува да биде дел од тимот на „светците“ вечерва, па Аргентинецот ќе има нов предизвик, во ерата на ПСЖ да блесне и да испише нова страница од фудбалската историја. Кој ќе биде подобар на овој дуел, Меси или Гвардиола, останува да видиме вечерва од 21 часот.

Се вчитува...