Кој го нервирал Самсоненко? Се премисли, не го остава Вардар

Русинот Сергеј Самсоненко ќе остане на кормилото на Вардар и по завршувањето на оваа сезона. Тој бил само нервозен од одредени новинарски пишувања и не сакал да си замине од клубот. Сега вели дека ќе остане, и ќе помага и понатаму, и во лошо и во добро. Ова секако е убава вест за Вардар по најавите дека ќе остане без главниот спонзор.

„Пред одреден период истакнав дека ова ми е последна сезона во сите три клуба и после тоа нема да инвестирам. Сакам да објаснам дека причината е само една, затоа што се собраа многу пишувања од одредени медиуми, кои истакнуваа невистини за мене, ги извртуваа фактите. Тоа ме погоди во срце, па сето тоа го кажав со жешка глава. Јас не сакав да си одам од Вардар и сакам да ви кажам да не верувате во невистините што се пишуваат за мене. Сакам да им порачам на тие што пишуваат, немате ни срам, ни совест, ве сметам за предавници. Јас не сум направил ништо лошо во оваа држава. Јас дојдов тука и ја засакав како моја. Тоа што го правите за мене е дното. Јас не сакав да заминам и нема да заминам од Вардар. Ќе останам и во лошо и во добро, ќе дадам се од себе за им помогнам на клубовите. Сигурен сум дека ќе направиме уште многу успеси“, изјави Самсоненко на денешната прес – конференција, која треба да биде „шок – терапија“ по вчерашниот убедлив пораз од Зенит во Лигата на Европа.

Јасно е дека Самсоненко ќе остане најмалку до крајот на оваа сезона, сега најавува и многу подолго, затоа што треба да се инкасираат парите што клубот ги заработи од настапите во Лигата на Европа.

Се вчитува...