Кој гол беше избран за најубав во групната фаза од ЛШ?

Иван Ракитиќ е стрелец на најубавиот гол во групната фаза од Лигата на шампионите, во изборот на фудбалските фанови ширум Европа преку официјалната веб-страница на УЕФА. Европската куќа на фудбалот денеска го објави победникот во ова гласање, а Ракитиќ заслужено се најде на врвот со своето ремек-дело на дуелот против Тотенхем, кога со фантастичен волеј удар од дваесетина метри го матираше голманот Љорис.

Хрватот продолжува со одлични игри во дресот на Барселона, не дозволувајќи шпекулациите околу евентуалниот трансфер во ПСЖ да влијаат врз неговата форма. Според каталонските медиуми, Ракитиќ сигурно ќе ја заврши сезонава како член на каталонскиот гигант, но не се исклучува можноста тој потоа да се пресели во Париз како замена за Рабио, кој најверојатно ќе дојде токму во Барса.

 

Се вчитува...