Кој и да игра, сите заедно се Македонија (ФОТО)

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Не се памети кога фудбалската репрезентација на Македонија имала толку кадровски проблеми пред еден квалификациски натпревар. Тројца повредени кои и не допатуваа во Виена за дуелот со Австрија, тројца суспендирани кои се заедно со тимот, но ќе ги бодрат соиграчите само од трибините на „Ернст Хапел“ и ќе го чекаат мечот со Израел во вторник, и уште неколкумина неизвесни поради повреди или пак недоволно залечени и недоволно подготвени, меѓу нив и капитенот Горан Пандев кој вчера се пожали на вирусна инфекција и зголемена телесна температура.

„Не остана еден здрав“, коментираа синоќа новинарите на официјалниот тренинг. Сигурно слично размислува и селекторот Игор Ангеловски. Но, неговата е последна и неговото се брои…Ќе мора да донесе одлуки и да ги состави најдобрите со кои располага во моментот. Кој и да игра сите заедно се Македонија…

Се вчитува...